Достапни линкови

Михајловиќ: Србија нема да дозволи загрозување на нејзината безбедност


Потпретседателката на српската влада и функционерка на Српската напредна партија Зорана Михајловиќ

Потпретседателката на српската влада и функционерка на Српската напредна партија Зорана Михајловиќ изјави синоќа дека главен интерес на Србија е стабилноста на регионот како предуслов за економски развој, но оти Србија нема да дозволи некој на каков било начин да ја загрози нејзината безбедност. Коментирајќи ги критиките на опозицијата за повлекувањето на персоналот на српската амбасада во Скопје таа изјави дека токму во времето на владеењето на Демократската партија и на Вук Јеремиќ, Србија била скарана со целиот регион и со најмоќните земји во светот. Поранешниот шеф на српската дипломатија Јеремиќ претходно на Твитер напиша: „Што и да се се случило во Скопје, повлекувањето на целиот персонал е дипломатски дилетантизам и шарлатанство, својствено на банана државите“.

XS
SM
MD
LG