Достапни линкови

Трамп: новата стратегија во Авганистан врз основа на условите на теренот


Американскиот претседател Доналд Трамп во воената база Форт Мајер, 21.08.2017.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата нова стратегија за Авганистан нема да биде базирана врз „произволни временски рамки“, туку врз условите на теренот. Во обраќањето до нацијата од воената база Форт Мајер во близина на Вашингтон тој исто така изјави дека нема да зборува за бројот на војници или за американските планови за натамошните воени активности. Трамп додаде дека Соединетите држави биле во Авганистан не за градење на земјата, туку за „убивање терористи“. Според него, на Соединетите држави им треба „чесен и траен резултат“ во Авганистан. Затоа, како што оцени, брзото излегување од таму би имало „неприфатливи последици“. Тој исто така предупреди дека Вашингтон веќе нема да го толерира тоа што Пакистан им дава „безбедни засолништа“ на екстремистичките групи како на авганистанските талибанци, нешто што Исламабад го демантира.

XS
SM
MD
LG