Достапни линкови

Јеремиќ - Повлекувањето на персоналот од Скопје е дипломатски дилетантизам


Поранешниот министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ.

Поранешниот министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ, оцени дека повлекувањето нa целокупниот персонал од амбасадата на Србија во Скопје, е „дипломатски дилетантизам и шарлатанство“.

„Што и да се случило во Скопје, повлекувањето на целиот персонал од амбасадата во Македонија е дипломатски дилетантизам и шарлатанство, својствено за банана држави“, напиша Јеремиќ на својот профил на Твитер.

За српскиот државен врв причината за повлекувањето на дипломатскиот персонал е „зајакнато офанзивно разузнaвачко дејствување кон Србија во целина и кон српската амбасада, во кое е присутен и странски фактор“.

XS
SM
MD
LG