Достапни линкови

Полицијата го застрелала напаѓачот во Барселона


Шпанскиот министер за внатрешни работи покажува слика од осомничениот Јоунес Абујаакуб,

Шпанската полиција соопшти дека полицајци пукале кој човек кој носел појас со експлозив. Инцидентот се случил во областа Субирати, надвор од Барселона. Шпанската државна телевизија, цитирајќи извори блиски до истрагата, соопшти дека човекот кон кого пукале полицајците е 22-годишниот Јоунес Абујаакуб, осомничен дека го возел комбето кое удри во толпа во Барселона на 17 август, при што загинаа 13 луѓе. Каталонската полиција потоа преку Твитер потврди дека го убиле осомничениот за нападот во Берселона, Јоунес Абујаакуб.

XS
SM
MD
LG