Достапни линкови

Војници повредени во сообраќајка на конвој возила на НАТО во Романија


Тројца американски војници се префрлени во болница во западниот романски град Темишвар по несреќата на нивното возило, што било дел од воен конвој на НАТО, јавија романските медиуми.

Инцидентот се случил во близина на романско-унгарската граница.

Возач на воен камион заспал на воланот и се судрил во автомобилот што се движел пред него, по што удрил во банкината од патот.

Воениот конвој се состоел од 15 возила со приколки и патувал од воена база крај градот Сибиу кон база во друга земја од Европската унија, за учество на воена вежба.

Портпаролот на болницата во Темишвар изјави дека настраданите американски војници се надвор од животна опасност.

XS
SM
MD
LG