Достапни линкови

Голем пожар во Ростов на Дон, прогласена вонредна сосотојба


Пожар во станбен простор во рускиот град Ростов на Дон, 21 август, 2017.

Властите во рускиот град Ростов на Дон прогласија вонредна состојба, откако голем пожар го зафати центарот на градот.

Повеќе од 400 пожарникари и шест хеликоптери се распоредени за гаснење на пожарот во станбена површина во центарот на градот. Запалени се најмалку 25 приватни домови, велат властите. Руската служба за вонредни ситуации соопшти дека гори површина од околу 10 илјади квадратни метри и дека стотици луѓе се евакуирани. Засега не се пријавени жртви и не се знае причината за пожарот.

XS
SM
MD
LG