Достапни линкови

Инцидентот во Марсеј не е поврзан со тероризам


Француската полиција на местото на инцидентот во Марсеј.

Француското обвинителство соопшти дека нема докази оти инцидентот при кој загина едно лице кога автомобил влета во две автобуски постројки во Марсеј е терористички акт. Според обвинителството, кај возачот на автомобилот, кој беше уапсен од француската полиција била пронајдена кореспонденција со психијатриска клиника и истрагата, како што наведуваат, е фокусирана во тој правец.

Француски медиуми јавија дека се работи за личност која и била позната на полицијата бидејќи имала поврзаност со кражби, дрога и случаи со употреба на оружје. Полицијата посочи дека мажот не им бил познат на антитерористичките единици.

XS
SM
MD
LG