Достапни линкови

Брнабиќ по повлекувањето на дипломатите: Не станува збор за мала работа


Српската премиерка Ана Брнабиќ

Српската премиерка Ана Брнабиќ по повод ситуацијата со амбасадата на земјата во Македонија, изјави денеска дека „не станува збор за мала работа“. Таа посочи дека за ситуацијата имала консултации со претседателот на државата Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Брнабиќ најави и дека наскоро ќе објават и соопштение од Министерството за надворешни работи. Сите вработени од српската амбасада во Скопје синоќа беа повикани на итни консултации во Белград.

XS
SM
MD
LG