Достапни линкови

На повреденото дете во сообраќајката му е извршена операција на раката, а не ампутација


Автобус со патници се преврте на автопатот Велес - Скопје

На деветгодишното дете кое беше повредено во синоќешната сообраќајна несреќа на автопатот Велес - Скопје, на Клиниката за детска хирургија му е извршена хируршка интервенција на раката, а не ампутација, информираа од таа јавна здравствена установа. По извршената интервенција врз раката на детето кое имало скршеница на надлактица, му е поставен надворешен фиксатор и тоа е во добра општа состојба.

Д-р Филип Тодоровски, хирург во Велешката болница, синоќа изјави дека деветгодишно девојче е префрлено на Детската клиника во Скопје „за ампутација на левиот горен екстремитет“.

Според досегашните информации од надлежните, една жена загина, а 27 се повредени во сообраќајната несреќа во која туристички автобус со македонски таблички излета од коловозот на автопатот Велес - Скопје.

Основното јавно обвинителство во Велес и МВР денеска соопштија дека работат на утврдување на причините за несреќата. По наредба на јавниот обвинител, од возачот на автобусот е земен примерок на крв за анализа, а започнато е и прибирање на трагите пронајдени на самото место место.

Автобусот превезувал македонски туристи кои се враќале од одмор во Грција.

XS
SM
MD
LG