Достапни линкови

Во поплави и лизгање на земјиште загинаа 500 луѓе во Сиера Леоне


Жена држи јакна на војник кој наводно загинал во лизгањето на земјиште во Сиера Леоне.

Во лизгање на земјиштето и поплави во и околу главниот град на Сиера Леоне загинаа најмалку 500 луѓе. Властите од западно африканската земја соопштија дека се концентрирани на пронаоѓањето на телата на жртвите со цел да спречат ширење на зарази. Црвен крст соопшти дека повеќе од 600 луѓе се водат за исчезнати. Според експерти, опасноста од лизгање на земјиштето во западна и централа Африка се зголемува поради растечката популација во урбаните региони.

XS
SM
MD
LG