Достапни линкови

Жена почина, дете остана без рака од превртениот автобус на Скопје-Велес


Автобус со патници се преврте на автопатот Скопје - Велес

Почина една жена, што беше повредена во превртувањето на автобусот на автопатот Скопје – Велес, а на едно деветгодишно девојче му се ампутира раката на Детската хирургија во Скопје. Еден од повредените е на интензивна нега на Универзитетската клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје, но е надвор од животна опасност. Останатите 24 повредени исто така се надвор од животна опасност.

Министерот за здравство Арбен Таравари на својот Фејсбук профил информира дека повредени се згрижени на Универзитетската клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски, во клиничкиот центар Мајка Тереза и во Градската болница Осми Септември во Скопје, како и во Општата Болница Велес.

Вечерва околу 19 часот во близина на зимскиот пункт Кула на автопатот Скопје - Велес автобус со македонски регистарски таблички изгубил контрола и излетал од коловозот. Сообраќајот беше во прекин, додека возилата на итна помош да ги пренесат повредените во болница.

XS
SM
MD
LG