Достапни линкови

Грчки автобус излета од автопатот кај Велес, дваесетина повредени


Илустрација

Автобус со грчки таблички вечерва излетал надвор од коловозот на автопатот Скопје - Велес. Според првичните информации повредени се околу 20 лица.

„Околу 19 часот на автопатот Скопје - Велес, во близина на зимскиот пункт Кула, автобус со грчки национални ознаки изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. На место на настанот присутни се екипи на брза помош и полициски возила. Се работи на извелекување на повредени“, потврдија за МИА од МВР.

Директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, др. Иван Спировски за МИА информира дека според нивните првични сознанија околу 20 лица биле повредени, од кои кај нив се примени шест лица кои се во фаза на испитување, а по извршените снимања ќе се утврди дали ќе бидат хоспитализирани.

„Еден е потешко повреден со контузија на градниот кош и на стомакот и е во фаза на испитување на компјутер. Уште една пациенка е со скршеница на левата надлактица“, изјави др. Спировски.

Во Болницата во Велес се примени осум лица од кои едно дете, но засега не соопштуваат повеќе детали.

Поради сообраќајната незгода автопатот е затворен и создадени се колони од возила.

XS
SM
MD
LG