Достапни линкови

Напаѓачот од Барселона можеби избегал во Франција


Луѓе им помагаат на повредените по нападот во барселона на 17 август

Шпанската полиција ја продолжува потрагата по Мароканецот осомничен за двата терористички напади во Барселона и во блиското туристички гратче Камбрилс. Полицијата соопшти дека пронашла околу 120 канистери за гас во куќа во градот Алскар, во која веројатно биле планираните нападите.

„Веруваме дека со месеци се подготвувани терористичките акции од Алканар“, соопшти каталонската полиција на Твитер.

Петмина од членовите на терористичката ќелија беа убиени од полицијата во Камбрилс рано утрото на 18 август, откако со автомобил згазија една жена и повредија шестмина луѓе. Четворица други беа уапсени.

Двајца осомничени терористи загинаа во експлозија во куќа во Алканар на 16 август.

Комбе газеше пешаци во центарот на Баселона на 17 август, при што загинаа 13 луѓе, а десетици беа повредени.

Полицијата соопшти дека не може да исклучи дека осомничениот 22-годишен Јунес Абујакуб ја преминал границата и избегал во Франција.

Истрагата наводно се фокусира на имамот Абделбаки Ел Сати од џамијата во Жирона, кој наводно ги радикализирал осомничените.

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG