Достапни линкови

Државниот секретар на Ватикан во посета на Москва


Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин

Државниот секретар на Ватикан утре треба да ја посети Москва. За време на официјалната посета, предвидено е да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин.

Кардиналот Пјетро Паролин вели дека неговата посета на Русија нема за цел да ги постави темелите за евентуална посета на папата Франциск во Русија, но како што вели, може да се даде некој придонес во таа насока.

Папата Франциск се обиде да ги премости вековните тензии меѓу Православната и Римокатоличката црква, а во таа насока во 2016 во Куба се сретна со патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква.

Паролин, за руската државна новинска агенција ТАСС, во интервјуто објавено денеска, изјави дека ќе се состане со патријархот Кирил во Москва. Тој ќе се сретне и со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и со претседателот Путин.

XS
SM
MD
LG