Достапни линкови

Судир на два брода во ирачки води


Илустрација: Товарен брод

Ирачки брод потона откако се судри со друг брод во ирачки територијални води, при што загинаа најмалку четворица морнари, а неколкумина се водат за исчезнати, објавија државните медиуми.

Според медиумите, на ирачкиот брод, кој служел како поддршка за нуркање, имало 21 морнари кога се случила несреќата во близина на јужниот брег на Ирак. Десет морнари биле спасени, а потрагата по другите продолжува. Ирачкиот брод е во сопственост на ирачката државна управа за пристаништа, а другиот брод е товарен, регистриран во Свети Винцент и Гренадини.

XS
SM
MD
LG