Достапни линкови

Курц - нема да трпиме мешање од Ердоган


Шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц.

Австрија нема да трпи мешање во своите внатрешни работи од страна на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговите министри, изјави шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“, цитирано од ТАСС.

„Сосема јасно го отфрлам постојаното мешање на Ердоган во внатрешните работи на други држави, не само на Германија“, рече Курц.

Тој вели дека Ердоган се обидува да ги искористи граѓаните од турско потекло, особено во Германија и Австрија, за да го поларизира општеството и конфликтите да гипрефрли од Турција во ЕУ.

Ердоган во петокот водечките политички партии во Германија ги нарече непријатели на Турција, и повторно Турците во Германија ги повика да не гласаат ниту за демохристијаните, ниту за социјалдемократите, ниту за зелените, за, како што кажа, да им „даде лекција“ за време напарламентарните избори.

За германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, коментарот на Ердоган е „грубо мешање во внатрешните работи на Германија“. По што Ердоган го искритикува и му порача дека не треба така да зборува за турскиот претседател и дека треба да си го знае местото.

XS
SM
MD
LG