Достапни линкови

Во Финска им се оддава почит на жртвите во нападот со нож


Местото на нападот до нож во градот Турку.

Во Финска денеска им беше оддадена почит, со едно минутно молчење, на жртвите од нападот со нож во градот Турку. Нападот кој се случи во петокот, властите го окарактеризираа како прв терористички напад во земјата. Неколку стотици луѓе се собраа на плоштадот во Турку, на местото каде пред два дена( 18 август), беа убиен двајца луѓе, а осум беа повредени. Слични комеморации се одржаа и на други место низ Финска.

Полицијата има осомничен за овој напад. Напаѓачот е идентификуван како 18-годишен марокански државјанин кој беше застрелан по нападот, по што беше уапсен и хоспитализиран. Полицијата треба денеска да го распрашува за нападот.

XS
SM
MD
LG