Достапни линкови

СДСМ: Пресудите против градоначалници доказ за коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ


Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески

СДСМ оценува дека судските пресуди против градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески и Александар Панов се првите институционално потврдени докази за, како што наведува во соопштение, децениското криминално, коруптивно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ на секое ниво на власт.

„ВМРО-ДПМНЕ има веќе двајца градночалници кои се осудени за несовесно и неодговорно владеење, а уште еден градоначалник, Владимир Талевски е првоосомничен во случај на Специјалното јавно обвинителство“,стои во соопштението.

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов е осуден на два месеци затвор и парична казна за поткуп при избори и гласање, а градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески добил условна казна затвор за несовесно работење во службата.

XS
SM
MD
LG