Достапни линкови

Австралија со нов план против терористички напади со возила


Возилото вклучено во еден од нападите во Шпанија.

Австралија издаде нов план за спречување на терористички напади, особено на оние што се извршуваат со возила на јавни места на кои има многу луѓе.

Премиерот на Австралија, Малколм Турнбул, денеска го претстави планот, три дена по нападите во Барселона и во уште еден град во близина во кој загинаа 14 луѓе.

Планот им овозможува на локалните власти и на бизнисите да преземат мерки со кои може да ги ублажат нападите, односно може да постават бетонски блокови или други најразлични бариери, како споменици, дрвја, со што би спречиле или би го забавиле непријателското возило.

Ваквиот вид напади за првпат се случи во 2016 во францускиот град Ница, кога со човек кој управуваше со камион удри во толпа народ, при што загинаа 86 луѓе. Слични напади имаше и во Париз, Лондон, Берлин.

XS
SM
MD
LG