Достапни линкови

Времето сончево и топло, кој крајот на денот ќе врне


Лето во Скопје.

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и преку ноќта ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. УВ индексот ќе има вредност 7.

Дневната температура ќе се движиод 28 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен северен ветер.

Дневната температура ќе достигне до 36 степени.

Позначителна промена на времето се очекува в понеделник кога ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи.

Од вторник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

XS
SM
MD
LG