Достапни линкови

Истрага за тероризам за нападот со нож во Финска


Амбулантни возила на местото на нападот во Турку

Приведениот за убиство на двајца луѓе во напад со нож во градот Турку во западна Финска е под истрага за тероризам, соопшти денеска полицијата.

„Поради информациите добиени во текот на ноќта, нападот во Турку се истражува како убиство со можна терористичка намера“, соопшти Националното истражно биро.

Напаѓачот е 18-годишен Мароканец. По вчерашниот напад, тој беше застрелан, уапсен и моментално е хоспитализиран.

Четворица други луѓе се уапсени во врска со случајот, иако нивното учество во инцидентот е нејасно.

Двајцата загинати се фински државјани, додека меѓу осумтемина повредени има еден Италијанец и двајца Швеѓани.

XS
SM
MD
LG