Достапни линкови

Неонацистички марш во Берлин


Рудолф Хес, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Анри Баилет-Латур и Адилф Хитлер на отворањето на Олимпијадата во Гармиш-Партенкирхен на 6 февруари 1936 година

Околу 500 неонацисти денеска маршираат во Берлин на 30-годишнината од самоубиството на поранешниот заменик на Хитлер, Рудолф Хес. Тие со собраа во близина на железничката станица во Шпанду, каде што започна и контрапротест. Околу 1000 полицајци се распоредени да не дозволат судири меѓу групите.

Полицијата им кажа на организаторите дека може да маршираат, но оти не е дозволено да го величаат Хес, кој почина во затвор во Шпандау.

Хес беше осуден на доживотен затвор на Нирнбершкиот процес за неговата улога во планирањето на Втората светска војна. Тој почина на 17 август 1987 година, а сојузничките власти соопштија дека се самоубил. Симпатизерите на нацистите тврдат дека бил убиен и организираат годишни маршеви во негова чест.

На неонацистите им е дозволено да имаат по еден транспарент на секои 50 учесници. Штитови, шлемови и палки, како што носеа екстремно десничарските и неонацистички демонстранти во Шарлотсвил минатата недела, нема да бидат дозволени.

XS
SM
MD
LG