Достапни линкови

Претставникот на САД за Украина на средби со руски и украински власти


Американскиот специјален претставник за Украина, Курт Вокер.

Американскиот специјален претставник за Украина, Курт Вокер, на 21 август во Минск треба да се сретне претставници на руската влада. Тие треба да разговараат за „руско-украинските односи“, соопшти денеска американскиот Стејт департмент.

Потоа Вокер, ќе отпатува во Вилнус, Литванија, каде со високи владини претставници, ќе разговара за патот по кој треба да се движи Украина.

На 23 август, Вокер ќе го посети Киев, и ќе го придружува американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, на средби со претставници на украинската влада. Предвидено е да разговараат за „следните чекори во дипломатските преговори за враќање на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, соопштуваат од Стејт департментот.

XS
SM
MD
LG