Достапни линкови

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност и слаб ветер од променлив правец. УВ индексот ќе има вредност 8.

Дневната температура ќе се движи од 32 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и слаб ветер од променлив правец. Температура ќе достигне до 37 степени.

Топло ќе биде и во недела, но во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и ноќта кон понеделник, оваа облачност ќе биде проследена со локален пороен дожд и грмежи. Позначителна промена на времето се очекува во понеделник кога ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Од вторник времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

XS
SM
MD
LG