Достапни линкови

Најмалку двајца загинати и шестмина повредени во нападот со нож во Финска


Финска - Крв на тротоар на местото на прободувањата. 18.08.2017

Финската полиција соопшти дека најмалку две лица се загинати, а шест други повредени откако денеска биле прободени со нож во градот Турку. Се уште не е јасно дали нападот во близина на плоштадот „Путори“ е поврзан со тероризам или е поттикнат од други мотиви.

Финскиот весник „Хелсингин Саномат“ известува дека осум луѓе биле однесени во болница по прободувањето, некои од нив во критична состојба. Од полицијата велат дека еден осомничен напаѓач е уапсен по престрелка и оти во тек е потрага по други потенцијални „сторители.“

Финскиот премиер Јуха Шипила на Твитер напиша дека Владата настаните во Турки ги следи од блиску и полициската акција која е во тек, а оти Владата ќе се состане подоцна денеска. Полицијата соопшти дека по нападите безбедноста е засилена на аеродромот во Хелсинки и на железничките станици.

XS
SM
MD
LG