Достапни линкови

Прободени неколку лица во Финска, уапсен еден осомничен


Финска - Амбулантни коли собрани на местото на денешните напади во Турку. 18.08.2017

Финската полиција соопшти дека неколку лица се прободени во денешен напад во Турку, предупредувајќи ги луѓето да не се движат во градот во западна Финска, откако безбедноста беше зајакната во целата земја. Од полицијата велат дека еден осомничен напаѓач е уапсен по престрелка и оти во тек е потрага по други потенцијални „сторители.“

Финскиот премиер Јуха Шипила на Твитер напиша дека Владата настаните во Турки ги следи од блиску и полициската акција која е во тек. Тој исто така вели дека Владата ќе се состане подоцна денеска.

Полицијата соопшти дека по нападите безбедноста е засилена на аеродромот во Хелсинки и на железничките станици. Се уште не е јасно колку лица се повредени и кои се мотивите за нападите.

XS
SM
MD
LG