Достапни линкови

Путин на работна посета во Крим


Рускиот претседател Владимир Путин во посетата на едукативниот центар „Бухта Казачја.“

Рускиот претседател Владимир Путин ја започна работната посета во градот Севастопол во украинскиот Полуостров Крим, кој беше заземен и анектиран пред повеќе од три години. Посетата Путин ја започна со посета на едукативниот центар „Бухта Казачја“, соопшти Кремљ на неговиот веб сајт. Се очекува Путин да посети музеј, изложба на артефакти за историјата на Крим и меморијален комплекс во чест на крајбрежната крајбрежна одиница која го бранела Севастопол за време на Втората светска војна. Путин исто така ќе присуствува на музичка изведба.

Ова е најмалку девета посета на Крим од страна на Путин по руската анексија на Крим во март 2014 година, којашто предизвика бранови санкции на САД и ЕУ.

Генералното собрание на ОН со 100 гласови „за“, 11 „против“ и 58 воздржани последоватолно донесе резолуција во која се наведува дека рускиот референдум за отцепувањето на Крим од Украина е невалиден, повикувајќи ја меѓународната заедница „да не признае било каква помена на статусот“ на Полуостровот. Украина протестираше против претходните посети на Путин на Крим, нарекувајќи ги „грубо кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.“

XS
SM
MD
LG