Достапни линкови

Уапсени четири лица за нападите во Шпанија


Архива - Шпанска полиција во областа каде се случија нападите.

Шпанската полиција соопшти дека тројца Мароканци и еден Шпанец се уапсени во врска со вчерашните милитантни напади во кои загинаа 14 лица. Полицијата во регионот Каталонија исто така информираше дека возачот на комбето кој удри во луѓето во центарот на Барселона би можел да биде меѓу петмината осомничени кои беа убиени од страна на полицијата.

Шефот на полицијата на Каталонија денеска на прес-конференција изјави дека сепак за тоа постојат индиции, но не и конкретен доказ.

Тринаесет лица загинаа во нападот во Барселона, додека една жена почина денеска од здобиените повреди кога напаѓачи во близина на градот Камбрилс удрија со автомобил во луѓе, при што беа повредени и неколкумина минувачи.

Полицијата соопшти дека петте напаѓачи од Камбрлис кои беа застрелани од полицијата носеле самоубиствени елеци и оти инцидентот бил поврзан со нападот со комбето во Барселона. Уапсените осомничени се на возрат од 21 до 34 години.

XS
SM
MD
LG