Достапни линкови

Бројката на жртви по нападот во Барселона се искачи на 14


Една минута молк за жртвите од нападот во Барселона.

Една жена која била повредена во обидот за напад во шпанското летувалиште Камбрисл денеска им подлегнала на повредите. Неколку часа по нападот во Барселона, полицијата соопшти дека убила петмина „терористи“ кои подготвувале сличен напад во Камбрилс. Притоа биле ранети шестмина цивили и еден полицаец.

Во вчерашниот напад во Барселона загинаа 13 лица, кога комбе влета во толпа на луѓе на една од најпрометните улици во градот. Полицијата соопшти дека двата напади биле поврзани. Илјадници луѓе, меѓу кои и кралот Фелипе и премиерот Мариано Рахој одржаа едно минутно молчење за жртвите на централниот плоштад во Барселона.

XS
SM
MD
LG