Достапни линкови

Трамп на средба со националниот тим за безбедност за Авганистан


Американскиот претседател Доналд Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе се сретне со неговиот тим за национална безбедност во камп Дејвид со цел да разговара за стратегијата на земјата во Авганистан и јужна Азија. Секретарот за одбрана Џим Матис изјави дека по месеци дебата, администрацијата на Трамп речиси донела одлука за нов пристап за војната во Авганистан. Според него, разговорите ќе резултираат со одлука без да посочи каква ќе биде стратегијата во иднина.

XS
SM
MD
LG