Достапни линкови

Антитерористичка операција во Шпанија, уапсено уште 1 лице


Припадници на шпанските безбедносни сили на местото на нападот во Барселона.

Во Шпанија во тек е антитерористичка операција по нападот во Барселона при кој загинаа 13 лица. Премиерот Мариано Рахој присуствуваше на вонредната средба за безбедноста во земјата со цел да ја коориднира операцијата. Во меѓувреме полицијата соопшти дека уапсила трет осомничен, но се уште не јасно дали се работи за возачот кој влета со комбе во толпата. Милитантната група Исламска држава ја презема одговорноста за нападот на најпозната улица во Барселона, Ла Рамбла. Меѓу жртвите и повредените има државјани на 24 земји.

XS
SM
MD
LG