Достапни линкови

Путин повика на борба против тероризмот


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство до шпанскиот крал Фелипе Шестти по повод терористичкиот напад во Барселона. Тој оцени дека овој напад ја потврдува „неопходноста од обединување на силите на меѓународната заедница“ во борбата против тероризмот, соопшти Кремљ. Во нападот со комбе врз пешаци во популарната Ла Рамбла во Барселона, според информациите, загинале 13 луѓе, додека 80 други биле ранети. Полицијата уапсила двајца осомничени.

XS
SM
MD
LG