Достапни линкови

Шпанската полиција спречи втор напад по оној во Барселона


Шпанската полиција соопшти дека спречила втор терористички напад откако 13 луѓе загинаа кога комбе удри во пешаци во познатото туристичко шеталиште Ла Рамбла во Барселона. Неколку часа по нападот во Барселона, полицијата соопшти дека убила петмина „терористи“ кои подготвувале сличен напад во летувалиштето Камбрилс, јужно од Барселона. Притоа биле ранети шестмина цивили и еден полицаец. Полицијата соопшти и дека морало да бидат изведени контролирани експлозии, бидејќи загинатите осомничени носеле елеци со експлозив. Претходно, во Барселона комбе со голема брзина удри во луѓе, а за овој напад одговорноста ја презеде екстремистичката група Исламска држава. Шпанските власти соопштија дека жртвите биле од 18 главно европски земји, меѓу нив и од Македонија. Веднаш по нападот, полицијата уапси две лица, едното шпански државјанин, а другото од Мароко. Возачот на комбето успеал да избега. Полицијата соопшти и дека овој напад бил поврзан со експлозијата во една куќа во Алканар кога едно лице загинало, а едно било рането кога правеле експлозивни направи.

XS
SM
MD
LG