Достапни линкови

Најмалку 13 лица загинаа во терористичкиот напад во Барселона


Терористички напад во Барселона

Шпанските власти соопштија дека најмалку 13 лица загинаа , а повеќе од 50 се повредени денеска при влетувањето на комбе во толпа пешаци во познатото туристичко место Лас Рамбас во Барселона. Полицијата соопшти дека еден човек бил уапсен во врска со терористички напад. Министерот за внатрешни работи на регионот Каталонија, Хоаким Форн, ги повика жителите да останат во засолниште и да избегнат непотребно патување додека истрагата продолжува. Американскиот државен секретар, Рекс Тилер, им понуди помош на шпанските власти додека го испитуваат нападот, додавајќи дека "терористите од целиот свет треба да знаат дека Соединетите Американски Држави и нивните сојузници се решени да ги најдат и да ги донесат пред лицето на правдата ". Барселона привлекува повеќе од 11 милиони посетители годишно. Во изминатата година возила кои влетуваа во толпа луѓе се користеа во серија милитантни напади низ Европа, при што загинаа повеќе од 100 луѓе во Ница, Берлин, Лондон и Стокхолм.

XS
SM
MD
LG