Достапни линкови

Комбе удри во толпа во централна Барселона, многумина се повредени


Барселона

Полицијата информираше дека во североисточниот шпански град Барселона комбе удрило во толпа пешаци. " Во централниот дел на Барселона во огромен судир предизвикан од страна на поединец кој возеше комбе има многу повредени ", се наведува во соопштението. Областа околу инцидентот е затворена, а неколку амбулантни возила и полициски возила се на местото на настанот, се вели во извештаите.

XS
SM
MD
LG