Достапни линкови

Австралискa десничарскa сенаторка носеше бурка во парламентот


Жени кои носат бурка

Сенатороката Полин Хансон денеска носеше бурка во горниот дом на парламентот во Австралија, во рамки на камањата на нејзината екстремно десничарска партија "Една нација" јавно да се забранат целосните покривки.

Хансон седеше облечена во црна облека од глава до глуждот повеќе од 10 минути, а потоа ја тргна за да објасни зошто сака прекривкиte за лицето да бидат забранети.

"На никој не треба да му биде дозволено да се крие зад превезот на тајност, додека постои загриженост за безбедноста", рече таа.

Јавниот обвинител Џорџ Брандис доби аплауз од членовите на австралискиот сенат кога рече дека неговата влада нема да ја забрани бурката и ја прекори Хансон за она што тој го опиша како "трик".

Брандис рече дека потезите на Хансон ризикуваат отуѓување на околу 500.000 Австралијци кои се придржувале кон исламската вера.

Предлогот на Хансон за забрана на покривање на целото лице ќе се расправа во Сенатот подоцна во текот на денот

Хансон постојано ја следат контроверзност откако беше избрана во парламент во 1996 година. Таа минатата година рече дека Австралија е "преплавена од муслимани".

XS
SM
MD
LG