Достапни линкови

Турција и Иран против референдумот за курдска незавиност


шефот на иранската армија генерал Хосеин Багери со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Анкара, 16.08.2017.

Турција и Иран изразија силно противење на референдумот за курдска независност најавен за наредниот месец во Ирак. Ова било заклучено за време на посетата на шефот на иранската армија генерал Хосеин Багери на Анкара. Тоа беше прва посета на еден ирански воен претставник на Турција од 1979 година. Според Багери, заканите по безбедноста во регионот ја наметнуваат потребата од зачестени контакти меѓу претставници на двете земји. Багери имал средба и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган при што било заклучено дека курдскиот референдум во Ирак ќе предизвика нереди во целиот регион.

XS
SM
MD
LG