Достапни линкови

Собранието на Македонија ќе одржи продолженија на три седници


Од расправата на седницата на Собранието на Македонија за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски

Денеска во Собранието на Македонија се најавени продолженија на три седници. Меѓу нив и на шестата на чие вчерашно продолжение заврши расправата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Вчера координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски го презентираше мислењето на Антикорупциската комисија според кое по распишување на изборите постои законска пречка за разрешувањето на државниот јавен обвинител. По ова тој најави дека нивните пратеници ќе ја напушат работата на седницата по оваа точка бидејќи ја сметаат за незаконска, а одговорноста, посочи, ќе биде на мнозинството. Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека Комисијата неовластено се обратила до Собранието со што го прекршила Уставот и законот, односно Деловникот. Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.

XS
SM
MD
LG