Достапни линкови

ОН: Политичката неизвесност во Косово има негативни последици


Советот за безбедност на ОН

Политичката неизвесност во Косово, кое веќе два месеци е без влада, има негативни економски и социјални последици, изјави шефот на УНМИК Захир Танин во обраќањето пред членовите на Советот за безбедност на Светската организација. Говорејќи на седницата на Советот за безбедност посветена на Извештајот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за работата на УНМИК и состојбата во Косово, Танин рече дека косовските инситуции во последниве три месеци „потрошиле премногу енергија на изборниот процес“. Тој потенцира дека политичкото помирување во Косово не може да обебзеди надминување на сите поделби во општетсвото. На седницата говореа и шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, како и косовската амбасадорка во САД Вљора Читаку.

XS
SM
MD
LG