Достапни линкови

Киргистанскиот опозициски лидер осуден за корупција


Омурбек Текебаев за време на судењето.

Киргистанскиот суд го осуди лидерот на опозицијата, Омурбек Текебаев, и уште еден обвинет во истиот случај на осум години затвор, по обвиненија за корупција.

Судот во Бишкек пресуди дека Текебаев и поранешниот министер за вонредни состојби, Дуишонкул Чотонов земале мито.

По изрекувањето на пресудата, приврзаници на Текебаев протестираа против истата.

Текебаев е лидер на опозициската партија Ата-Мекен (Татковина). Според него процесот е политички мотивиран и има за цел да го отстрани од трката за претседателските избори, кои треба да се одржат оваа есен.

Обвинителството пак вели дека Текебаев и Чотонов добиле мито од милион долари од руски бизнисмен во 2010 година, кога Текебаев бил заменик-премиер. Двајцата негираат дека сториле нешто лошо.


XS
SM
MD
LG