Достапни линкови

Лавров е против надворешно мешање во Венецуела


Насилни протести во Венецуела.

Кризата во Венецуела треба да се реши мирно и без надворешна интервенција, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Тој денеска изјави дека разликите што постојат во таа земјата треба да се надминат на мирен начин преку национален дијалог, без никаков надворешен притисок, без да се зборува за неприфатливи закани за воено мешање во внатрешните работи на земјата.

Лавров ова го изјави по разговорите со боливискиот министер за надворешни работи, Фернандо Хуанукуни Мамани, во Москва.

Коментарите на Лавров доаѓаат по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој на 11-ти август изјави дека ги разгледува сите опции за Венецуела, вклучително и воена опција. По изјавата на Трамп, претседателот на Венецуела, Николас Мадуро им нареди на вооружените сили да одржат вежби.

Во Венецуела има немири со месеци. Тензиите се зголемуваат додека Мадуро се обидува да ја консолидира својата моќ по неколкумесечните улични протести против неговото владеење. Во немирите загинаа повеќе од 120 лица од април.

Во изминатите години, Русија ги зголеми своите врски со Венецуела.

XS
SM
MD
LG