Достапни линкови

Османи побарал помош од Германија за спорот за името


Вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи на денешната средба со Михаел Рот, државен министер за Европа во рамки на Министерството за надворешни работи на Германија.

Германија може да помогне во решавањето на отворените прашања и затоа наша цел е да биде стратешки партнер на Македонија, оценил македонскиот вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи на денешната средба со Михаел Рот, државен министер за Европа во рамки на Министерството за надворешни работи на Германија, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Османи му пренел на Рот дека македонската влада има иницијативата за создавање стратешко партнерство меѓу Германија и Македонија, со што германската поддршка би добила и формална суштина. Тој рекол дека стратешкото партнерство би било особено важно за забрзување на европските и евро-атлантските интегративни процеси во Македонија.

Вицепремиерот од Рот побарал помош и за решавање на отвореното прашање за името со Грција.

„Македонија останува соочена со спорот околу името на нашата земја со Грција, за чие решавање, како Влада но и како држава ние потребна помош. Затоа сакам отворено да побарам вклучување на Германија во решавањето на овој спор, како една од највлијателните земји членки на Европската унија и НАТО“, истакнал Османи.

XS
SM
MD
LG