Достапни линкови

Иран го отфрла американскиoт извештај за верски слободи


Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, го објавува годишниот извештај за верските слободи во светот. 15 август 2017 година.

Нереален, неоснован и пристрасен е извештајот на американскиот Стејт департмент за верските слободи, во делот кој се однесува на Техеран, велат властите во Иран.

Стејт департментот во својот годишен извештај за верските слободи во светот, објавен вчера (15 август), ја критикуваше владата на Иран за малтретирање и апсење на верски малцинства.

Од иранското Министерство за надворешни работи реагираат на извештајот и велат дека служи само за политички придобивки. Од иранското Министерство посочуваат Вашингтон да се позанимава со сопствените проблеми со дискриминација, исламофобија и ксенофобија, кои, како што наведуваат, се широко распространети и честа појава кај американските политичари.

XS
SM
MD
LG