Достапни линкови

Русија се надева дека Иран нeма да го напушти нуклeарниот договор


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека неговата земја се надева оти Иран нема да го напушти нуклеарниот договор од 2015 година со светските сили. Иранскиот претседател Хасан Рохани вчера предупреди дека земјата е подготвена да го напушти договорот во секој момент, доколку САД продолжат со политиката на санкции врз земјата. Лавров посочи и дека се надева оти САД нема да ги прекршат обврските од нуклеарниот договор и упати критика за санкциите на земјата врз Иран. Според него, едностраните санкции се неодговорни дејствија кои можат да му наштетат и да го поткопаат нуклеарниот договор.


XS
SM
MD
LG