Достапни линкови

Градоначалникот на Кавадарци на суд за поткуп на изборите


Гласање на изборите во минатата година.

Во Основниот суд Кавадарци денеска се одржа рочиштето за обвинението против Александар Панов за поткуп при избори и гласање. Панов изјави дека е невин и дека се работи за политичка хајка. Според него, не се точни тврдењата дека на сведокот Сали Мемедов му дал илјада денари за да гласа за ВМРО-ДПМНЕ. Мемедов го тврди спротивното. Пресудата ќе биде донесена на 18-ти овој месец.

XS
SM
MD
LG