Достапни линкови

САД: Иран се обидува да го држи светот во заложништво


Американската амбасадорка во Обединетите нации Ники Хели

Американската амбасадорка во Обединетите нации Ники Хели изјави дека Иран се обидува да го држи светот во заложништво со предупредувањето дека можеби ќе се повлече од нукеарниот договор од 2015 година поради продолжувањето на американските санкции. Претходно иранскиот претседател Хасан Рохани оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп не бил добар партнер и оти сака да го повлече Вашингтон од договорот. Според американската амбасадорка, новите санкции не биле поврзани со нуклеарниот договор.

XS
SM
MD
LG