Достапни линкови

Утре продолжува расправата за разрешувањето на Зврлевски


Архива - Собранието расправа за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Заврши 11-то продолжение на собраниската седница на која се раправа за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски. Расправата продолжува утре во 11 часот.

За пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ барањето на Владата е неосновано и неаргументирано и се повикуваат на членот од Изборниот законик со кој, како што велат, е истакнато дека сите постапки за назначување и разрешување функционери не смеат да се случуваат кога се објавени избори.

Пратениците СДСМ на претходните продолженија на седницата истакнаа оти меѓусебните реплики и контрареплики на ВМРО-ДПМНЕ се прлонгирање на правдата и поради тоа тие и не учествуваат во расправата. Тие сметаат дека разрешувањето на државниот јавен обвинител е законско и легално во целост

XS
SM
MD
LG