Достапни линкови

Убиени тројца хуманитарни работници во Авганистан


Илустрација - Раселени лица во провинција Гхор.

Неидентификувани напаѓачи убиле тројца авганистански вработени во хуманитарна организација со седиште во САД, во централната провинција Гхор, велат официјални претставници. Тројцата вработени во Католичката служба за помош биле убиени денеска, во близина на провинцискиот главен град Фиразко.

Двајца вработени исто така биле повредени во инцидентот, изјави портпаролот на провинциската полиција Икбал Незами. Никој десега не ја презеде одговорноста за нападот, но Талибанците и припадници на групата на Исламската држава се активни во регионот.

XS
SM
MD
LG