Достапни линкови

САД го објавија годишниот извештај за меѓународните верски слободи


Архива - Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон.

Стејт департментот на САД денеска го објави годишниот Извештај за меѓународните верски слободи во 2016 година. Во него државниот секретар Рекс Тилерсон наведува дека верските слободи се американска вредност која се негува и оти тоа е универзално човеково право, а САД верските слободи ги промовираат како морален императив.

Во извештајот се вели дека земјите кои ефикасно ги промовираат верските слободи се постабилни, економски енергични и мирни, а оти владите кои не успеваат да го заштитат ова човеково право раѓаат нестабилност, тероризам и насилство.

Во извештај ппрезентиран до Конгресот е наведен детален и фактички преглед на статусот на верските слободи во речиси 200 земји и територии. Во него се документирани извештаи за пректршувања и злоупотреби од страна на влади, терористички групи и поединци.

Групата на Исламската држава (ИД) продолжува да ги нарушува верските слободи, целејќи кон припадници на повеќе религии и етнички групи со силување, киднапирање, ропство и смрт, се вели во извештајот.

Исто така е наведено дека верските слободи не се загрозени само од страна на недржавни групи на Блискиот Исток, Азија, и Суб-Сахарна Африка, туку исто така и во источна Украина која е под контрола на сепаратистите поддржани од Русија.

Во извештајот Тилерсон наведува дека е јасно оти групата на ИД е одговорна за геноцид врз Језидите, Христијаните и Шиитите во областите кои ги контролира.

„ИД исто така се одговорни за злосторства против човештвото и етничко чистење насочено кон овие групи и во некои случаи против сунитските муслимани, Курдите и другите малцинства“, вели Тилерсон.

Во извештајот се вели дека во Русија и на украинскиот Полуостров Крим, кој Русија нелегално го анектираше во март 2014 година, припадници на Јеховините сведоци или Мормоните претрпеле бројни напади врз нивната слобода да се поклонуваат.

Во извештајот исто така има критики за иранската Влада за континуирана употреба на антисемитска и антибахарска реторика во официјални соопштенија, како и за негирање на Холокаустот.

XS
SM
MD
LG