Достапни линкови

Депортирана руска новинарка од Украина


Украинското знаме.

Украинските власти ја депортирале руската новинарка Тамара Нересијан поради загриженост за националната безбедност. Според властите, на неа и е забранет влез во Украина во наредните три години. Руски медиуми јавија дека Нересијан била депортирана откако била испрашувана од украинската безбедносна служба. Во Украина од 2014 година се забранети неколку руски телевизиски канали по обвинувањата дека ширеле воена пропаганда.

XS
SM
MD
LG